Mакедонскиот ракометен репрезентативец, Дејан Манасков, го продолжи договорот со унгарскиот состав Веспрем за уште две години.
Тој во еден од најсилните европски клубови ќе остане до 2022 година. Левото крило кое ги бранеше боите на Борец, Металург, Вецлар, Вардар и на Рајн Некар Левен, веднаш ја прифати новата понуда на раководството на клубот. Веспрем е двократен победник на регионалната СЕХА лига а во 2008 година го освои и Купот на победниците на Куповите.
Унгарците во тековнава сезона во Лигата на шампионите се втори во групата Б со 14 бодови а нашиот интернационалец во елитата има постигнато 12 гола.