Дејан Манасков следната сезона нема да биде во составот на Вардар 1961. Ова на денешната прес-конференција го потврди новиот извршен директор, Борко Ристовски.
„Дејан Манасков нема да биде во тимот за следната сезона. На негово место е доведен Марко Срдановиќ“, потврди Ристовски.
Од поискусните македонските ракометари остануваат Мартин Томовски, Гоце Георгиевски и Томислав Јагурноски.