Ракометната репрезентација на Македонија успеа победнички да го започне настапот на Европското првенство и тоа против селекцијата на Украина која ја совладавме со 26-25. Дејан Манасков беше наш втор стрелец ,но беше ефикасен кога беше најпотребно.
„Ние постојано ја имавме контролата на резултатот, постојано бевме во водството, но безпотребно го доведовме мечот во неизвесна завршница во која во последниот напад капитенот Кире Лазаров стрелаше за наша победа. Ова секако донесе среќа и задоволство во нашиот табор, но свесни сме дека во иднина не смееме да си дозволиме предност од четири-пет разлика толку лесно да ја испуштиме. Најважно е дека победивме. Имавме шанса уште предвреме да го решиме натпреварот, но правевме грешки кога имавме позитива од четири, пет гола, примивме неколку гола и дојде до неизвесен финиш. Најважно е сега да извлечеме поука од ова и да не ни се повторува на следните натпревари“, изјави Дејан Манасков.

