Македонските ракометари го совладаа Катар за втор триумф на актуелниот ракометен мундијал и голема радост за своите фанови.
Избраниците на Кире Лазаров диктираа темпо цел натпревар и не ја испуштија предноста до крајот, а искусниот репрезентативец на Катар, Жарко Марковиќ коректно ја честиташе победата на подобриот противник попладнево во Вараждин.
„Најпрвин да и честитам на репрезентацијата на Македонија. Се гледа дека екипата е подмладена, момците многу трчаат и Кире тоа добро го подредил и врши одлична работа.
Ние, од друга страна сме највозрасна екипа на ова првенство, тешко ни е кога се игра натпревар секој втор ден. Не измори и оној натпревар против Холандија на кој многу се потрошивме и на крајот не ни победивме“, изјави натурализираниот катарски репрезентативец по крајот на мечот.

