Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер официјално го објави потпишувањето на двегодишниот договор со македонскиот репрезентативец Мартин Серафимов.
Десниот бек стави потпис на двегодишна соработка со пелистерци, откако реши да замине од Алкалоид по истекот на договорот. Серафимов пристигна во Битола и стави потпис на договор по долги преговори со актуелниот шампион на Македонија. На пелистерци бекот ќе им се приклучи на стартот на подготовките за новата сезона.
„Нашиот клуб секогаш бил асоцијација за македонската репрезентација и во секој успех вградил многу свои членови и протагонисти. Затоа секој потпис на македонски репрезентативец многу ни значи. Денес го официјализираме како наш нов член Мартин Серафимов, десниот бек на националниот тим. Тој потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер и од сезоната 2026/27 ќе му се стави на располагање на стручниот штаб. Серафимов во Битола доаѓа од Алкалоид, а претходно го носеше дресот на Металург. Со потписот на 26-годишниот Серафимов нашиот клуб добива квалитет и инвестиција која ќе остави трага во клубот и градот. Мартин Серафимов како нов ракометар на Еурофарм Пелистер ќе биде официјализиран во јули оваа година, пред стартот на летните подготовки“ се вели во објавата на РК Еурофарм Пелистер.


