На денешноти редовното собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) беше изгласано е најавеното проширување на машката ракометна Суперлига кое беше најавувано изминатиот период по барање на клубовите.
Елитното натпреварување во следната сезона ќе брои вкупно шеснаесет екипи. Промената доаѓа по иницијативата на клубовите. Учесниците ќе бидат поделени во две групи А и Б, двете ќе имаат по осум учесника. Ќе се играат четиринаесет кола, по системот дома-гости.
Со освоениот пласман во регуларниот дел, првите четири места од двете групи водат во плеј-оф групи, последните четири во плеј-аут група. Првите места во регуларниот дел ќе носат по три бода во следната фаза, второто место по два, третото место еден бод, четврто место нула бодови. По истиот распоред ќе се формира и плеј-аут групата, бодови ќе се пренесат од петто до осмо место.
Во плеј-оф и плеј-аут групите ќе се играат натпревари според системот дома-гости, двапати по седум натпревари, на крајот се добива шампионот. За испаѓање случајот ќе биде следниот: Од прво до петто место во плеј-аутот екипите ќе останат во Суперлигата, шестиот ќе игра еден бараж натпревар на неутрален терен со третиот од Прва лига, седмиот и осмиот од плеј-аутот одат во Првата лига, а на нивно место влегуваат првиот и вториот во Првата лига.
За сезона 2022/23, за Првата лига во случај да се пријават четиринаесет екипи ќе биде еднокружен систем дома-гости, двапати по тринаесет кола. Во случај да се пријават повеќе ќе се формираат исто групи како што е Суперлигата.
Од вкупно 31 екипи што играат во Суперлигата и Првата лига, вкупно 30 беа за овој предлог и немаше никаков проблем да биде едногласно усвоено промената на системот на натпрецарувањ за следната сезона.