Откако екипите на Пелистер и Бутел беа елиминирани, тимот на Металург останува нашиот единствен преставник во Купот на ЕХФ.
Поранешниот шампион на Суперлигата, актуелен освојувач на Купот на Македонија доби директен пласман во последниот филтер за групната фаза, а денес го дозна противникот преку кој че се обиде да дојде до групната фаза.
Денешната ждрепка во Виена донесе тежок противник за Металург, откако за пласман во групите ќе треба да го елиминираат словенeчкиот тим Горење Велење.
Првиот натпревар од квалификацискиот плеј-оф е закажан за 16/17 ноември, а реваншот следува една седмица подоцна. Прв домаќин ќе биде словенечкиот тим. 16-те победници од овие натпревари ќе се квалификуваат во групната фаза, која ќе започне на 8 февруари наредната година.