Ракометарите на Металург денеска ги старуваат натпреварите во групната фаза во новото натпреварување на ЕХФ наречено Лига на Европа.
Избрaниците на тренерот Кастартовиќ од 18.45 часот ќе гостуваат на теренот на Тулуз. Бидејќи Франција воведе полицикси час поради зголемениот број на заразени со Ковид-19, дуелот ќе се одигра два часа порано од првичниот термин.
Металург во групата во која има 6 екипи, ќе игра уште и со шпанскиот Адемар Леон, Чеховски Медведи (Русија), Фиверс од Австрија и полскиот состав Висла.