Металург е новиот освојувач на Купот на Македонија во ракомет во женска конкуренција. Во финалето на завршниот турнир во Кавадарци, Металург славеше со 30:27 во финалето со градскиот ривал Ѓорче Петров.
Тимот од Автокоманда играше одлично од почетокот на мечот и успеа да направи голема разлика за да дојде до предност која до крајот успеа умешно да ја сочува.
Ива Младеновска со девет гола и Ива Божиновска со осум беа лидери кај новиот освојувач на трофејот, Илјаз имаше 11 одбрани. На другата страна Симона Стојановска постигна осум гола.