Македонскиот преставник во СЕХА лигата , Металург со пораз ги започна официјалните натпревари во 2019 година откако во СЦ „Борис Трајковски“ загуби од фаворитот ППД Загреб со убедливи 24:36.
Младиот тим на Металург изгледаше добро во првите 20 минути од натпреварот и имаше предност од 8:6, но потоа гостите направија серија од 6:0 и дојдоа до предност од 12:8 која до крајот на првото полувреме ја задржија и надополнија за 10:15.
Во вториот дел уште по лоша беше играта на металург кој како да не можеше да го најде вистинскиот ритам и дозволи противникот да дојде до двоцифрена предност (15:25) во 45минута од натпреваро. До крајот се беше рутина и беше прашање со каква разлика ќе заври мечот во Скопје,.
Најдобар кај ППД Загреб беше Буриќ со седум гола, Поточник постигна шест, а Мраковчиќ реализираше 5 од 5 обиди. Кај Металург, Арсеновски имаше одличен меч со пет гола од пет обида, а Шпенде, Рибеиро, Маџовски и Токиќ постигнаа по четири.
Наредниот СЕХА-меч за ППД Загреб че биде повторно во Скопје, но овој пат ногу посериозне натпревар против актуелниот шампион Вардар. Металург ќе гостува во Романија кај екипата на Стеауа Букурешт.