Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Металург размислива за прв триумф во СЕХА лигата
    Ракомет

    Металург размислива за прв триумф во СЕХА лигата

    risteBy riste07/09/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    По две гостувања кај Вардар и Мешков Брест екипата на Металург в недела ја очекува првата средба на домашен терен, а им гостува екипата на Нексе во рамки на 3. коло од СЕХА-лигата.

    Нексе е тим кој оствари две победи на стартон на сезоната и покажа дека нема да биде лесен противик за никого оваа сезона. Ако досега Металург беше аутцајдер, сега се андева дека ќе биде рамноправен противник со Нексе и ќе се обиде да дојде до првите бодови.

    „Одигравме два меча со Вардар и Мешков Брест. Објективно тоа се посилни екипи од нас и со поголем буџет. Доцна се вративме од патувањето во Белорусија и имаме малку време за подготовка. Имаме три тренинзи и видео сеанси. Утре од првиот тренинг почнуваме со подготовки за мечот со Нексе. Се надевам дека ќе најдеме сили заедно со помош на навивачите да дојдеме до успех и прва победа на домашен терен“, изјави тренерот на Металург, Данило Брестовац на денешната прес-конференција како најава на овој натпревар.

    Брестовац исто така потврди дека Филип Кузмановски веќе не е член на Металург и дека управата на клбот и ракометарот се договориле спогодбено за раскин на договорот.

    „Искрено од мој агол, како тренер и Македониц жалам што Кузмановски не остана во нашата екипа, но тоа е негова одлука. За мене ќе беше добро да го имам во тимот, а за играчот ќе бее добро што ќе играше силни натпревари. Тој ќе имаше и понатаму голема минутажа во нашата екипа, но сепак тоа е негова одлука“ истакна Брестивац.

    На натпреварот со Нексе, Металург повторо ќе има проблеми со повредени играчи и ќе биде без Велковски и Јагуриновски, но се очекува за десетина дена сите повредени играчи да му бидат на располагање на тренерот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Кизиќ: Оваа победа ќе биде стимул за следни предизвици

    15/03/2023

    Јовиќ пред Нексе: Од играчите ќе барам лавoвска борбеност

    13/03/2023

    Португалија пресилна за Македонија и по втор пат

    12/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина
    • Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда
    • Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 
    • Верстапен не е задоволен од второто место
    • ВБА им постави ултиматум на Фјури и на Усик
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.