Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Металург се надева на прва победа оваа сезона на мечот со Извиѓач
    Ракомет

    Металург се надева на прва победа оваа сезона на мечот со Извиѓач

    risteBy riste17/09/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    По настапот и убедливиот пораз во Лигата на Шампионите против Спортинг во Лисабон, ракометарите на Металургги очекува враќање на обврските во регионалната СЕХА лига. Следна задача за ракометарите и тренерот на Металург Данило Брестовац ќе биде босанскиот шампион Извиѓач.

    Помошниот тренер во Металург, Оливер Димитриоски, очекува позитивен резултат, и покрај тоа што истакнува дека резултатот не е во преден план.

    „Во среда не очекува меч со Извиѓач, тим кој загуби три натпревари. Се надевам дека ситуацијата со повредени играчи ќе се смени и конечно ќе имаме поголем избор во ростерот. Под знак прашалник ќе бидат Јагуриновски и Велковски. Се надевам на позитивен резултат, иако тоа не ни е во преден план, наша задача е создавање на тим кој ќе може да ги даде резултатите за неколку години”, изјави Димитриоски.

    Младиот ракометар Милан Лазаревски истакна дека убедливиот пораз во Лисабон им паднал тешко, но вели дека фаворитската улога на овој дуел е на страната на Металург.

    „Уште на почетокот на сезоната не затекнаа голем број повреди. Се враќаме по поразот од Лигата на шампионите, кој тешко можам да го преболам. Кратката клупа е кобна на секој ме. Тактички добро се подготвуваме, но физички не издржуваме. Малиот број на играчи во ротација не треба да биде оправдување, и покрај тешките околности треба да направиме нешто повеќе да покажеме дека вредиме. Против Извиѓач ја гледам нашата шансата за прва победа оваа сезона. Победата ќе биде важна за подигување на самодовербата во екипата,  убеден сум дека ќе го запишеме првиот триумф во СЕХА лигата“, истакна  Лазаревски.

    Дуелот меѓу Металург и Извиѓач се игра в среда во ВИП Арената на СЦ„ Борис Трајковски“ со почеток во 20:45 минути.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Душебаев: противникот има екстра класа

    27/01/2023

    Селекторот на Данците ги потенцира голманите

    27/01/2023

    Варгас: горди сме на оствареното досега

    27/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Сабаленка го освои Мелбурн
    • Ивановски ќе игра ново финале
    • Пеп: ме изненади тактиката на Артета
    • Елмас сакал да го напушти Наполи
    • Ристовски проговори за ситуацијата во клубот
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.