Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Металург – Т. Прешов 30-28
    Ракомет

    Металург – Т. Прешов 30-28

    dinoBy dino20/10/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Металург конечно го „скршија мразот“ и ја забележаа првата победа  во СЕХА конкуренцијата во тековнава сезона. Тие во улога на домаќини во рамките на 7 коло славеа против Татран Прешов со 30 спрема 28, полувреме 15:11.

    Металурзите одлично го отворија мечот, имаа континуирана предност и до крајот на првиот дел направија плус – 4. Во вториот дел, гостите се покажаа како подобар противник, но, не успеаа да направат пресврт. Во победничкиот табор се издвоија Анте Токиќ со девет голови и Халил Јагањац кој во последниот меч во дресот на „металурзите“  заврши со шест голови. Треба да се издвои и голманот, Мартин Томовски, кој имаше десет одбрани. Кај Татран Прешов на листата на стрелците најдобри беа Томаш Чип со осум и Јануш Лапајне со седум голови.

    Металург наредниот меч во СЕХА конкуренцијата ќе го одигра повторно на домашен терен на 7 ноември кога ќе гостува Стеауа Букурешт.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.