Ракометарите на Металург денеска ќе излезат на мегдан со Горење во првиот меч за влез во групната фаза во ЕХФ-Купот.
Добра вест за тренерот Зоран Кастратовиќ е враќањето на голманот, Дупјачанец и на Велко Маркоски Денешниот меч во Словенија ќе започне во 20 часот.
За дуелот со Горење, Кастратовиќ ќе ги има на располагање: Дупјачанец, Ѓорѓески, Поповиќ, Кондев, Шилегов, Чантурија, Серафимов, Јагуриновски, Танкоски, Мариќ, , Додиќ, Кбилашвили, Маркоски, Арсеновски, Младеновиќ и Лазаревски.