Ракометарите на Металург, стручниот штаб и раководството на клубот, пред реванш средбата со Спачва ги направија потребните тестови за Ковид-19 по што заминаа за Хрватска.
Бидејќи сите тестови се негативни, Металурзите доцна синоќа се упатија кон Винковци на реванш мечот во рамките на првото квалификациско коло на Лига Европа. Средбата ќе се одигра в сабота со почеток во 19.30 часот.
Судии ќе бидат Дору Манеа и Раду Илиеску од Романија, додека делегат ќе биде Хрватот, Владимир Сокол. Металург на првата средба во Скопје победи со 35:28.