Кошаркарот на Кливленд, Донован Мичел, ја коментираше елиминацијата на тимот во плеј-офот во НБА. Популарните Кавси загубија од Индијана со убедливи 4-1.
„Имавме ментални застои. Тие го искористија тоа. Таквите моменти можат да ја променат целата серија. Ја губите првата игра и станува потешко“ – рече Мичел.
„Направивме чекор во вистинска насока но, не го освоивме првенството и не ја постигнавме нашата крајна цел“ – беа дел од зборовите на Мичел

