Ѕвездата на кошаркарскиот состав Јута Џез, Донован Мичел, сигурно нема да ја пропушти можноста да потпише „максимален“ договор со НБА тимот.
Според одредени извори, Мичел сака да игра во екипата на Јута и затоа ќе ја продолжи соработката непосредно пред почетокот на наредната сезона. 23-годишниот поентер кој ја реалзира само третата сезона во НБА, неочекувано се претвори во главен играч во редовите на „џезерите“.
Тој до прекинот на НБА поради корона-вирусот, има просек од 24,2 поени, 4,4 скокови и 4,2 асистенции на 63 одиграни натпревари. Мичел во моментов се опоравува од корона-вирусот кој го доби по контактите со соиграчот Руди Гоберт.