Лидерот на Кливленд, Донован Мичел, го коментираше изненадувачкиот поразот во првиот натпревар против Индијана во плеј-офот во НБА лигата. Кавси дома загубија со 121-112.
„Нема за што да паничиме. Треба да разберете дека серијата е долга. Тие играа добро и мора да им се оддаде признание“ – рече Мичел.
„Не можеш да ја наведнеш главата. Нема потреба да се грижиме. Не ја прикажавме нашата најдобра игра но, ќе бидеме подобри“ – рече Мичел кој мечот го заврши со 33 поени.

