Кошаркарот на Милвоки, Крис Мидлтон, проценува дека неговото влегување од клупата за резерви може да биде многу корисно за тимот.
„Со оглед на моите ограничувања и начинот на кој се одвива ротацијата, веројатно е подобро да влезам од клупата за да одиграм позначајни минути“ – вели играчот од НБА.
„Знам каков играч сум. Јас сум сигурен во овој тим, сигурен сум во себе и ова е улогата што треба да ја одиграм во моментов“ – рече поентерот на Милвоки.

