Претседателот на РК Вардар, Михајло Михајловски во вчерашното интерву во програмата на Спортско радио 90,3 ФМ најави дека управата планира да ги задржи сите ракометари со договори кои ќе бидат најмалку до крајот на сезоната 2027/28 односно уште две години.
Па според ова наместо до јуни следната година Вардар сака својот најдобар играч оваа сезона Јака Малус да остане уште најмалку една сезона, односно до 2028 година. Раководството на Вардар наскоро ќе разговара со Малус и ќе му се понуди нов договор, односно продолжување за уште една сезона. Словенечкиот интернационалец се етаблираше како еден од најдобрите играчи на „црвено-црните“ сезонава и воопшто во Супер лигата.
Михајловски најави дека тренерот Иван Чупиќ исто така ќе остане уште една сезона и ќе го продолжи договорот со 2028 година, како и најголем дел од играчите кои имаат договори до крајот на таа натпреварувачка сезона.

