Голманот на Вардар, Дејан Милосављев, на завршниот Ф4 турнир во Келн ги одигра последните два меча за новиот европски шампион. Младиот ракометен голман од Србија не ги криеше емоциите по големата победа против Веспрем.
„Не можам да поверувам дека сме шампиони. Ја гледам на трибините мојата идна сопруга, девојката која ќе ја оженам за десет дена и не верувам дека сме европски шампиони. До вчера ги гледав овие момци од трибините а сега сум тука и сум европски првак со нив“ –вели Милосављев.
„Мислам дека на најубав начин се простив од Скопје и Македонија“ – нагласи Милосављев кој од наредната сезона ќе настапува во германскиот тим, Фуксе Берлин.