Голманот на Вардар, Дејан Милосављев беше еден од оние кои оставија белег на оваа сезона во екипата на Вардар, а токму тоа беше причината за да биде прогласен за најдобар голман во Лигата на шампионите. Милосављев си оди од Вардар и кариерата ќе ја продолжи во Германија, во Фуксе Берлин.
Тој дојде како анонимен голман кој требаше да гозамени Арпад Штербик, а многу бргу почна да ги покажува своите квалитети и стана љубимец на навивачите. Милосављев емотивно им се обрати на навивачите од бината на свечениот пречек и ги поздрави поддржувачите.
„Добровечер за народот со најголемо срце што некогаш сум видел. Овие момци се нешто посебно. Игравме за вас до „коска“, пуштивме крв и покажавме дека вашата поддршка ќе ја вратиме. Да живее Вардар, да живеат Македонците“, рече српскиот голман во редовите на Вардар.