Кошаркарите на Милвоки по 50-години успеаја да се вратат на тронот во НБА лигата и да ја освојат шампионската титула.
Бакси во текот на ноќта го совладаа составот на Феникс со 105 спрема 98 и ја добија финалната серија со 4-2. Прва ѕвезда во победничкиот состав беше грчкиот интернационалец, Јанис Адетокумбо со 50 кошеви и 14 скока. Веднаш до него застана Мидлтон со 17 поени и Портис со 16-ет.
Во составот на Феникс единствена светла точка беше Крис Пол кој мечот го заврши со 26 поени.