Миркуловски: „Сакаме победа, а за тоа ќе треба да го сопреме Шмид“

0

Машката репрезентација на Македонија треба во недела да го одигра последниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Средниот бек и асистент тренер во нашата репрезентација Филип Миркуловски посакува со победа и десет бода да ги завршиме овие квалификации за ЕП.

„Ние сме овде 23 ракометари што е доволно да одиграме два квалитетни меча. Со Финска малку се мачевме, но се случува да промашиме неколку зицери и пенали, имаше нивниот голман добар ден, најважно е што победимве со пет разлика во лоша игра. В недела не чека Швајцарија, за нив е меч да се биде или не, а ние ќе бараме уште два бода, за првпат да имаме десет бода во квалификации за ЕП. Тие ќе дадат се од себе сигурно за да победат и да се пласираат, но ние сме доволно подготвени и искусни да ги победиме. Никој не очекува да промаши на некој натпревар шест пенали и да промаши десет зицери. Тоа беше фрустрирачки, но добро се снајдовме во вториот дел, не не фати паника. Одигравме добра одбрана во финишот, таа е за нас број еден, и таа не „извади“ да имаме подобра реализација во нападот“, рече Миркуловски.

Филип Миркуловски добро ги познава квалитетите на Швајцарија затоа што главните играчи настапуваат во Германија.

„Швајцарците се многу добри во нападот, се фокусирани на нападот, би ги победиле само со добра одбрана. Го знаеме добро Енди Шмид, Рубин исто така игра во Вецлар со мене. Ако ги спречиме нив двајца, ќе се радуваме на победа во недела“, заврши Миркуловски.

Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија ќе се игра на 2 мај во СЦ „Јане Сандански“, а почеток е закажан за во 18:00 часот.

Share.

Leave A Reply