Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Мишевски: „Ги анализиравме сите наши ривали, тактички сме подготвени за настап“
    Ракомет

    Мишевски: „Ги анализиравме сите наши ривали, тактички сме подготвени за настап“

    risteBy riste09/01/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометната репрезентација на Македонија на стартот на Европското првенство ќе игра против Словенија, а потоа ќе се соочи со Црна Гора и Данска. Главната цел на селекторот Кирил Лазаров и неговите избраници е да се обезбеди пласман во втората фаза од шампионатот.

    Марко Мишевски, специјалистот за одбрана во македонската репрезентација, најави дека тимот е подготвен за предизвиците кои ги носи турнирот во Словачка и Унгарија.

    „Во овие последните неколку тренинзи работиме на сите ситни детали на нашата игра. Ја консолидираме одбраната, а секако работевме и на нападот. Тактички и физички сме подготвени, ги анализиравме сите наши ривали и во овие неколку дена ќе ги одработиме максимално сите зададени задачи од селекторот. Подготвени сме за стартот на Европското првенство“.

    22-годишникот ги најави противниците на Македонија во групната фаза.

    „Што се однесува до ривалите во нашата група, имаме одиграно доста натпревари со Словенија. Ги познаваме добро, тоа е селекција која има квалитетни играчи, кои играат главна улога во своите клубови во Лигата на шампиони. Исклучително силна репрезентација, можеби тие се фаворити, но ние секако дека се надеваме на позитивен резултат, бидејќи имаме свои адути, а секако и квалитет. Црна Гора исто така е квалитетна екипа. Тој двојбој во 2.коло ќе биде важен и за двете екипи, секако дека нема да ги потцениме. Ние ќе играме максимално на сите три натпревари во групата па така ќе биде и на оваа средба. Данска е светски шампион и можеби фаворит и за европскиот трон. Ние ги изненадивме во Скопје во квалификациите за ова Европско првенство. Мораме да веруваме во себе и овој пат“ изјави Мишевски.

    Европското првенство стартува на 13 јануари и ќе се игра до 30 јануари, актуелен првак од пред две години е селекцијата на Шпанија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонскиот состав ја оправда фаворитската улога

    07/02/2022

    Вардарци не искористија напад да се спасат од пораз

    04/02/2022

    Вардар против Нексе денес ја започнува новата сезона од СЕХА лигата

    04/02/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    Маркетинг

     

    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Барди доби условна казна поради возење со лажна дозвола
    • Ајлин Гу освои ново злато за Кина на ЗОИ
    • Ставре Јада го освои 86. место на машкиот спринт на 1,5 км.
    • Матијас Мајер е победник на Супер-Џи трката на ЗОИ во Пекинг
    • Челзи ќе му понуди нов договор на Маунт
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.