Репрезентацијата на Македонија со поразот од Франција (32:25) го заврши настапот на Светското првенство 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка.
Македонија ќе заврши во меѓу најдобрите 16 репрезентации на ова СП, а конечниот пласман ќе се знае по комплетирањето на сите натпревари од последното коло од главната фаза.
Младиот среден бек Марко Митев, кој одигра одигра одлично на Мундијалот, го оцени настапот на СП како успешен.
,,Искрено јас сум задоволен од она што го покажавме на СП. Овој натпревар многу ни значеше, најмног, но требаше уште повеќе да сме фокусирани, да се обидеме да изненадиме, но Франција е светски гигант, тешко е да се бориш со нив 60 минути, ние ја исполнивме нашата цел, завршивме во ТОП 16 и се надевам дека на следното првенство ќе бидеме уште подобри. Задоволен сум од минутажата, но морам да им кажам фала на моите соигрчаи, бидејќи да не беа тие, немаше да бидеме тука каде што сме сега”, изјави Митев.

