Нашиот ракометен репрезентативен голман, Никола Митревски, денеска официјално е претставен како нов играч на Порто.
„Минатата година имав можност да играм против Порто во ЕХФ Купот и знам како функционира клубот. Среќен сум и не размислував многу кога ја добив понудата. Порто има добар состав и да не беше пандемијата со корона-вирусот, сигурен сум дека имаше шанси да стигне до Ф4. Верувам дека добро ќе се адаптирам“ – изјави меѓу другото Митревски за официјалниот сајт на португалскиот состав.
По заминувањето на Томас Бауер, нашиот интернационалец и Алфредо Кинтана ќе ја сочинуваат голманската двојка кај португалскиот состав.