Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, кој беше позитивен на коронавирусот пред заминувањето на тимот за Унгарија, во меѓувреме направил неколку антигени и еден ПЦР тест и сите се негативни.
Сега останува ЕХФ да го решава случајот бидејќи според условите, играчот веќе не е опасност за ширење на вирусот.
Ако ЕХФ ми даде дозвола, Митревски би требало да им се приклучи на соиграчите во репрезентацијата веќе за саботниот дуел со Црна Гора.

