Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски, сосема заслужено го понесе епитетот „најдобар голман“ во 13. коло од ЕХФ Лигата на шампионите. Чуварот на мрежата на Порто со фантастичните 14 интервенции беше најзаслужен што неговиот тим остана непоразен на гостувањето кај Флензбург.
Во изборот на „Идеалните 7“ во тековното коло од ЕХФ Лигата на шампионите, друштво на Митревски му прават и левото крило на ППД Загреб Давид Мандиќ, левиот бек Петар Ненадиќ од Веспрем, централниот бек Феликс Клар од Алборг, десниот бек Рајнкинд од Кил, десното крило Штајнхаузер од Флензбург, како и пивотменот на Динамо (Б), Мамду.