Голманот на Порто и на нашата ракометна репрезентација, Никола Митревски, е прогласен за МВП во 4 коло во Лигата на шампионите.
Португалскиот тим славеше против Пик Сегед со 25 спрема 19 а македонскиот интеранционалец имаше фантастична партија со 15 одбранети удари кон неговиот гол. Токму една од тие интервенции по двојниот цепелин на Унгарците беше прогалсена и за најатрактивна во 4 рунда во ракометната елита во Европа.
Реакцијата на Митревски која му го донесе признанието за најкорисен играч во колото, ЕХФ ја постираше и на социјалните мрежи.