Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Митревски: „Имаме шанси да победиме против Аргентина, но со помалку направени грешки“  
    Ракомет

    Митревски: „Имаме шанси да победиме против Аргентина, но со помалку направени грешки“  

    risteBy riste16/01/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Да се дојде до победа против Аргентина,одбраната ќегтреба да одигра на повисоко ниво, а секако и голманите да иимаат свој ден. Никола Митревски, голманот и капитен на нашата репрезентација пред клучниот меч со Аргентина зборуваше за тоа што ни недостасува за да дојдеме до посакуваната победа.

    „Како што сите пишувавте, ние бевме аутсајдери во оваа група, а поразите се преголеми. Покажавме квалитет во дел од натпреварите. Со Норвешка имавме по пет минути во првото и второто полувреме во кои дозволивме 11 разлика. Против Холандија, пак, во околу 19 минути имавме заостанување од 3-23, што е огромна разлика. Мислам дека тоа е цената на неискуството, имаме седум дебитанти во тимот. Без оглед на тоа што имаме и искусни ракометари, игравме против класа репрезентации. Со Аргентина сметам дека имаме реални шанси да победиме. Како и секогаш, и кога сме имале добри или лоши натпревари, голманите зависат од одбраната. Без силна одбрана, ти можеш да имаш и 15 интервенции, а тоа е бадијала. Се надевам ќе бидеме сконцентрирани, прелесно паѓавме, со една грешка или загубена топка. Доколку го избришеме тоа во нашата игра, имаме шанса да се носиме со посилни од нас. Сите играат брзо, трчаат тие, а трчаме и ние. Кој ќе направи помалку грешки, тој ќе победи. Без разлика на минатото, се фокусираме на сегашноста и на натпреварот со Аргентина кој може да ни донесе пласман во главната рунда од СП“, рече Митревски. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Душебаев: противникот има екстра класа

    27/01/2023

    Селекторот на Данците ги потенцира голманите

    27/01/2023

    Варгас: горди сме на оствареното досега

    27/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Сабаленка го освои Мелбурн
    • Ивановски ќе игра ново финале
    • Пеп: ме изненади тактиката на Артета
    • Елмас сакал да го напушти Наполи
    • Ристовски проговори за ситуацијата во клубот
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.