Откако доби еден негативен тест на Ковид-19, голманот на нашата репрезентација Никола Митревски е на пат кон Унгарија и постојат реални шанси Македонија да добие засилување за натпреварот против Црна Гора на Европското првенство. Сега само еден негативен тест го дели Никола Митревски од настап на шампионатот, бидејќи нашиот репрезентативен голаман доби дозвола да патува за Унгарија.
Откако направи неколку антигенски и еден ПЦР-тест во Скопје и на сите беше негативен, само три дена по лажно позитивниот тест на десетти јануари, нашиот репрезентативен голман веќе е на пат за Дебрецин.
Попладнево Никола Митревски ќе се тестира во хотелската соба во Дебрецин, а доколку тестот биде негативен ќе може да им се приклучи на соиграчите на тренинг и со тоа ќе може да се врати во составот на нашата репрезентација за мечот со Црна Гора кој го играме утре од 18 часот.