Состојбата на голманот на ракометниот тим Порто, Алфредо Кинтана, е крајно сериозна откако вчера на тренингот претрпе срцев и воедно мозочен удар.
Тој се наоѓа во вештачка кома а неговиот колега, нашиот репрезентативец, Никола Митревски, испрати емотивна порака до него преку социјалните мрежи.
„Кинтана брате, време е да ја направиш најзначајната одбрана во животот“ – напиша Митревски.