Репрезентацијата на Македонија денеска ќе го одигра својот втор натпревар на ракометното Европско првенство. Следен ривал е Црна Гора која очекувано беше потазена од Данска во првото коло.
Македонија важи за фаворит на оваа средба, а доби и дополнително засилување. Искусниот голман Никола Митревски се најде во официјалниот протокол и се очекува да застане меѓу стативите против Црногорците. Можеби Томовски повторно ќе добие предност од првата минута, но присуството на Митревски кој е во одлилна форма ќе биде дополнителна сигурност во играта на нашата репрезентација.
Во однос на првиот дуел со Словенија освен кам-бекот на Митревски, во официјалниот состав го нема и селекторот Кирил Лазаров. Како што е познато поради повреда пред првиот дуел во групата, Лазаров ќе го пропушти Европското првенство.
Од друга страна голем плус за Црна Гора е враќањето на Стефан Чавор од Вецлар кој имаше коронавирус, а во составот е и Небојша Симовиќ. Од комбинација за настап пак отпаднаа Стеван Вујовиќ и Милош Божовиќ, додека негативниот тест на селекторот Рогановиќ ќе се чека до последен момент, по што ќе се знае дали ќеможе да ја води својата репрезентација.