Македонија имаше успешен настап во првиот дел од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2022 со две победи во два натпревари.
Откако ја совладаа Финска во Скопје, вчера Македонија беше поуспешна и од Швајцарија во Шафхаузен. Нашите репрезентативци победија со 25:23, а голманот Никола Митревски имаше одлично настап во првиот дел со 7 интервенции.
„Ова е многу важна победа за да се доближиме до пласман на ЕП. Одигравме тежок натпревар со Швајцарија, тврд, со многу борба. Натпревар по кој можеби многу бргу ќе се заборави играта, но ќе се памети резултатот кој е најважен во ваквите мечеви. Севкупно сме задоволни затоа што направивме одличен резултат, два натпревари, две победи. Сите ја одиграа својата улога и дадоа свој придонес за ваквиот исход”, изјави голманот на нашата репрезентација, Никола Митревски.
Следен противник на Македонија во овие квалификации ќе биде Данска со која ќе имаме двомеч, и по кој ќе бидат јасни многу работи во нашата група. Сепак Данска е голем фаворит во групата, а то аго покажа на првите два натпревари каде што славеше двапати.

