На 4. јуни (понеделник) со почеток во 12:00 часот во салата за состаноци при хотелот Бест Вестерн (поранешен хотел Турист), Македонската кошаркарска федерација ќе организира јавна дебата на тема бројот на странските играчи во спортските колективи во мак-кошарката и нивно намалување од наредната сезона.
Тема ќе биде и неодамна наметнатото прашање и предлогот за зголемување односно намалување на бројот на екипите-учеснички во Првата и во Втората лига во машка сениорска конкуренција.На јавната дебата учество ќе земат претставниците на клубовите кои ќе се натпреваруваат во Првата лига мажи, претставници на клубовите кои ќе се натпреваруваат во Втората лига мажи, претставници на асоцијацијата на кошаркарски тренери, претставници на асоцијацијата на кошаркарски играчи, поранешни кошаркари.
На дебатата ќе бидат присутни и Претседателот на Стручниот совет при МКФ, истакнати новинари во кошарката како и играчи кои се натпреваруваат надвор од границите на Републиката.