Машката ракометна репрезентација на Македонија загуби од Португалија со 29-23 во дуел од третото коло од квалификациите за Европското првенство 2024 година.
Иако Македонија имаше свои моменти на овој натпревар, а во вториот дел дури успеавме и да поведеме, искусните гости го приведоа мечот до висок и убедлив триумф. Португалија првото полувреме го заврши со предност од три гола 914:11), додека на стартот на вториот дел успеваше да одржи постојна предност од 2-3 гола.
Со покомпактна игра во дефанзивата се изборивме за неизвесност кон средината на вториот дел кога стигнавме на 19:19, а потоа со еден гол на Кузмановски и да поведеме за 20:19.
Сепак гостите беа подобри во финишот и на крајот дојдоа до убедлива победа. Кузмановски и Серафимов дадоа по пет гола за Македонија, додека Ареја со десет и Итуриза со четири погодоци беа најдобри кај гостите. Реванш средбата меѓу овие две селекции ќе биде в недела во Порто од 18:30 часот.

