Македонската кошаркарска репрезентациа во јуниорска конкуренција со победа го стартуваше Европското првенство Б-дивизија во Скопје, откако во натпревар со драматична завршница, во самиот финиш, го совлада Исланд со 62:60.
Пресудна за победата на оваа средба беше завршницата, во која Македонија беше поуспешна. Херој за Македонија беше Лука Стојановски, кој во финишот успе ада постигне поени за водство на нашата селекција, а на Исланд му останаат 3,7 секунди до крајот за да упати удар кон нашиот кош кој не беше прецизен за голема радост на нашите млади кошаркари.
Веќе утре се играат натпреварите од второто коло на Европското првенство Б-дивизија, Македонија игра против селекцијата на Холандија, а мечот се игра во СРЦ „Кале“, со почеток од 18:45 часот.