Машката кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 20 години, ги продолжи натпреварите на ЕП од Дивизијата „Б“ во Ереван со победа над своите врсници од Албанија со 84:74.
Во натпреварот од групата која се игра за пласман од 17. до 21. место, нашите млади кошаркари утринава беа подобри од ривалот, а отпорот на противникот го скршија во третата четвртина.
Најефикасен во нашата селекција беше Иванов со 21 поен, пет скока и две асистенции, а Стојковќ постигна 15 поени. Кечовски додаде 12 поени, додека Ќириловски имаше уште 10 поени.
Со овој резултат, нашата младинска репрезентација утре, рано изутрина, од девет часот, ќе игра против селекцијата на Словачка, за пласман на 17 позиција на шампионатот во Ерменија.

