Денешниот ден на СП во ракомет ќе биде доста интересен бидејќи во групите 3 и 4 кои се играат во Осло и Загреб денес на програната се средбите од 2 коло, а многу работи може да се променат по ова коло.
Во групата 3 која се игра во Осло дури 4 репрезентации се во трка за пласман во четвртфиналето, секако португалија со победа над Шпанија би завршила голема работа, а од друга страна не чека директна пресметка меѓу Шведска и Бразил кои имаат по 4 бода, а селекцијата која ќе победи ќе ги задржи шансите за втората позиција во групата.
Интересно е и во групата 4 која се игра во Загреб, таму Исланд има 6 бода, а денес игра со Хрватска која мора да победи доколку сака да остане во битка за место во четвртфинале. Меѓусебната пресметка меѓу Египет и Словенија исто така може да ни даде потенцијален четврфиналист и од овој натпревар може да зависат многу работи.
Дуелот меѓу Аргентина и Зеленортска Република е само за престиж, за подобар пласман во групата.
Група 3 – главна фаза – Осло
15.30 Шпанија – Португалија
18.00 Шведска – Бразил
20.30 Чиле – Норвешка
Табела:
1.Португалија – 5
2.Шведска – 4
3.Бразил – 4
4.Шпанија – 3
5.Норвешка – 2
6.Чиле – 0
Група 4 – главна фаза – Загреб
15.30 Аргентина – Зеленортска Р.
18.00 Египет – Словенија
20.30 Хрватска – Исланд
Табела:
1.Исланд – 6
2.Хрватска – 4
3.Словенија – 4
4.Египет – 4
5.Аргентина – 0
6.Зеленортска Р. – 0
Президент куп – Пореч 2 коло
Група 2
15.30 Јапониј а – Бахреин
18.00 САД – Куба
Табела:
1.Бахреин – 2
2.САД – 2
3.Јапонија – 0
4.Куба – 0

