Ракометарите на Вардар со победа на теренот во Франција ја започнаа одбраната во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ во возбудлив меч исполнет со пресврти славеа против Монпелје со 33 спрема 31.
Нашиот плеј-мејкер, Сташ Скубе, имаше одличен процент на реализација откако погоди осум пати од девет обиди. Ведна до него на листата на стрелците застана Дибиров со шест голови додека Шишкарев го заврши мечот со пет погодоци. Нашиот голман Гедбан имаше осум успешни интервенции а дел од нив беа во финишот кога се решаваше победникот.
Вардар вториот меч во групата „Б“ во Лигата на шампините ќе го одигра на домашен терен на 22 септември против португалскиот состав Порто.