Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Мотор Запорожје е нов член на СЕХА лигата
    Ракомет

    Мотор Запорожје е нов член на СЕХА лигата

    risteBy riste02/06/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Она што се најавуваше во текот на изминатите недели, денес доби потврда од страна на раководството на СЕХА Гаспром лигата. Потпишан е договор со украинскиот првак Мотор Запорожје кој и официјално се приклучува кон СЕХА лигата од следната сезона. Уште еден стандарден учесник на групната фаза на Лигата на шампионите ќе го подигне нивото на регионалната лига и ќе биде ривал на македонските претставници вардар и Еурофарм Работник.

    „Се сретнавме во Виена, но денес официјално го потпишавме договорот. Драго ни е што екипа со таков престиж и регуларно место во Лигата на шампионите ќе игра во нашата лига. Мотор ќе продолжи да игра и во украинското првенство и во Европа, а со оглед што следната година СЕХА лигата се дели на две групи со по шест екипи, ќе си најде место и во нашето натпреварување“, изјави Михајло Михајловски, претседател на СЕХА.

    Своето задоволство не го криеше ни претседателот на украинскиот првак Олимпи Покотов.

    „Ова е значаен чекор напред во историјата на нашиот клуб. Наша цел е да се пласираме на „фајнал фор“ на СЕХА лигата и во долгедно време и да го освоиме натпреварувањето. Ние сме амбициозен клуб и едвај чекаме да започне натпреварувањето“ истакна Покотов.

    Со приклучувањето на Мотор, скоро е комплетиран е списокот на тимови за следната сезона. Недостига само 12-от член. Потсетуваме дека освен враќањето на Веспрем и најновото приклучување на Мотор, дебитант оваа сезона ќе биде и екипа од Кина која ќе настапува во Хрватска.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Кадетите изборија и втора победа на ЕХФ шампионатот во Рига

    09/08/2022

    Кадетките вечерва против Шведска во главната фаза на СП

    03/08/2022

    Ракометарките со убедлива победа против Узбекистан

    31/07/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Хорнер се спореди со Фергусон
    • Ривера и Али Мухамед заработија суспензии поради допинг
    • Вардар очекува голема поддршка од трибините, цените се симболични
    • Ивановски не го заврши маратонот на ЕП во Минхен
    • Тухел: Хадсон-Одои е на продажба
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.