Црна Гора на мечот со Данска беше водена од асистентот на Зоран Рогановиќ, Драшко Мрваљевиќ, а во очекување на дуелот со Македонија за медиумите во Црна Гора даде свое видивање за дулеот со Македонија. Селекторот Рогановиќ чека втор негативен тест и доколку се биде како што се очекува, тој ќе се најде на клупата за дуелот кој денес го играат против Македонија, но доколку не стигне навреме тимот повторно ќе го води Мрваљевиќ.
Според него, Македонија има навистина добар тим, и кажа многу комплименти за играчите и стручниот штаб на нашата репрезентација.
„Македонците, ние и Словенците знаевме дека меѓу нас ќе се бара втората екипа која ќе се пласира во следната фаза. Многу ја ценам Македонија која веќе долго игра на големите натпреварувања. Тоа е искусна екипа, а и стручниот тим е навистина организиран и морам да им честитам на тоа. Ова ќе биде тежок натпревар, тактички тежок за подготовка, бидејќи противникот има голем квалитет.
Против Данска игравме првпат на ова Европско првенство и бевме нервозни. Имавме и почетничка трема, бидејќи во тимот има доста дебитанти. Се надевам дека ситуацијата со играчкиот кадар ќе се поправи, но тоа ќе го знаеме непосредно пред мечот со Македонија. Едноставно таква е ситуацијата, мора да импровизираме“, изјави Мрваљевиќ.
Натпреварот Македонија и Црна Гора во Дебрецин ќе се одигра денес со почеток во 18:00 часот.