Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Мукаетов: Да покажеме дека Македонија е зрела за организација на големи настани
    Ракомет

    Мукаетов: Да покажеме дека Македонија е зрела за организација на големи настани

    sasoBy saso14/10/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометната федерација на Македонија денеска на прес-конференција уште еднаш го најави одржувањето на женското Европско првенство во нашата земја. Претседателот Живко Мукаетов побара од навивачите и сите ракометни работници да учествуваат во организацијата на турнирот, со цел да се покаже дека државата е зрела за организација на вакви големи спортски настани.

    „Би сакал да продолжиме да работиме заедно, како и досега, за да продолжиме да градиме подобар македонски ракомет. Нè очекува организација на Европско првенство. Би сакал на натпреварите да одиграме со срце, за Македонија. Би сакал да ги повикам навивачите да дојдат во што поголем број, да им дадеме поддршка на нашите девојки на овој турнир. Се надевам дека ќе докажеме дека сме сплотени. Да докажеме дека сме добри домаќини и дека Македонија е подготвена да направи нешто специјално и да покажеме што значи спортот број еден во нашата земја“, порача Мукаетов.

    На прес-конференцијата зборуваа и Амбасадорот на првенството, Гордана Нацева и селекторот на машката ракометна репрезентација, Кирил Лазаров.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Лазаров со список од 35 ракометари за ЕП 2024

    01/12/2023

    Пешевски: Против Киелце ќе ја бараме нашата шанса за изненадување

    29/11/2023

    Ангеловски: „Да веруваме во тоа што го работиме, за кратко време ќе дојде и победата“

    23/11/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Броја може да заигра во Серија „А“
    • Артета: посебна ноќ
    • Црномурестиот играч ќе може да направи трансфер
    • Одложениот меч Баерн Минхен – Унион Берлин ќе се игра на 24 јануари 2024 година
    • Јокиќ и Тејтум ги добија признанијата за ноември
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.