Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Мукаетов: „Наша цел останува – развој на македонскиот ракомет“
    Ракомет

    Мукаетов: „Наша цел останува – развој на македонскиот ракомет“

    risteBy riste07/05/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Денеска се одржа редовното годишно Собрание на Ракометната федерација на Македонија, на кое меѓу сите точки, беше и точката за настапите на македонските национални селекции во сите конкуренции во изминатиот период.

    Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, направи преглед на настапите на македонските репрезентации и најави дека во иднина РФМ и клубовите ќе работат само со една цел – развој на македонскиот ракомет.

    „Во текот на извештајниот период, РФМ уредно ги сервисираше сите репрезентации, забележани се вкупно 1590 одиграни натпревари од кои 996 натпревари во сениорски лиги и 594 во младинските категории. Притисокот и жедта за резултатски успех години наназад не останува кога се работи за машките ракометни сениори. Оваа категорија по успешните квалификации обезбеди место на ЕП 2022 и го продолжи континуитетот на шесто учество по ред на континенталните собири. Лично, не сум задоволен од 22. место и сметам дека можеме подобро. Нова енергија во моментов е ангажманот на селекторот Лазаров и во стручниот штаб се вклучени големи ракометни имиња кои го донесоа своето знаење и даваат голем придонес за македонскиот дрес. Неодамна по баражот на натпреварите за СП 2023 каде успешно се минаа Романија и Чешка, 12-та година по ред ќе играме на големо натпреварување. Околу квалификациите за ЕП 2024 во Германија, ги чекаат и настапите на Медитеранските игри во Алжир на кои ќе играат и нашите дами. Околу настапот на женската селекција и покрај шесте порази во Еврокупот на ЕХФ може да се забелжи напредок. Сега не чекаат настапи на ЕП на кое сме еден од домаќините. Успехот во Клаипеда за кадетките донесе голем успех за женскиот македонски ракомет. Со настапите под водство на Савевски, кадетките беа нова надеж за женскиот ракомет. Но, ќе мора да имаме трпение, дисицплина и многу напорна работа. Истото важи и за сите други категории. Македонските клубови продолжуваат со активно учество на ракометната сцена. Во машка конкуренција Вардар ја мина групата во ЛШ, а вториот македонски претставник, Еурофарм Пелистер, избори место меѓу најдобрите 16 екипи. Сакам да се заблагодарам на сите спонзори, на сите помагатели, на сите учесници во овој спорт. Само заедно може да одиме напред и се надевам дека сите ќе работиме со единствена цела, за развој на македонскиот ракомет“, изјави Мукаетов.

    Македонија односно РФМ во јули ќе биде домаќин на кадетското женско СП, додека во ноември ќе биде ко-домаќин на сениорското Европско првенство во женска конкуренција.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    ЕХФ ги одреди сатниците за ЕП, Македонија сите натпревари ги игра во ист термин

    06/05/2022

    Алушовски ги исполни очекувањата на челниците на клубот

    04/05/2022

    Томислав Јагуриновски ја продолжува кариерата во Пролет

    02/05/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    Маркетинг

     

    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Мукаетов: „Наша цел останува – развој на македонскиот ракомет“
    • Рангник: „Тен Хаг треба да каже со кои играчи сака да соработува во Манчестер Јунајтед“
    • Барселона и Гави се блиску до нов договор
    • Гвардиола: „Можеби не сум доволно добар за да ја освојам Лигата на шампионите со Манчестер Сити“
    • ЕХФ ги одреди сатниците за ЕП, Македонија сите натпревари ги игра во ист термин
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.