Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»МВР отвори предмет за полицискиот напад над Филип Талески
    Ракомет

    МВР отвори предмет за полицискиот напад над Филип Талески

    sasoBy saso14/05/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    По вчерашниот срамен испад на еден од полицајците во салата „Билјанини Извори“ на ракометното куп-финале, кога со палка го удри ракометниот репрезентативец на Македонија и член на Вардар, Филип Талески, денеска од МВР потврдија дек е оформен предмет за случајот.

    Во соопштението објавено во јавноста се вели:

    „Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет во врска со случувањата на финалето на КУП на Македонија. По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица.

    По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот“.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Тренер натепал млад ракометар, таткото го пријавил во полиција

    06/06/2023

    Еурофарм Пелистер го донесе првото засилување, во Битола доаѓа Нејц Цехте

    02/06/2023

    Еурофарм Пелистер се раздели со седум ракометари

    29/05/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Состојбата на Рико и натаму е сериозна
    • 30 години од смртта на кошаркарскиот Моцарт
    • Јувентус преговара со Реал за Лукас Васкез
    • И Обемејанг се сели во Саудиска Арабија?
    • ОФИЦИЈАЛНО: Бензема е нов фудбалер на Ал Итихад
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.