Американскиот кошаркар, Мајк Кафи (29 год, 183 см), е првото засилување за МЗТ Скопје Аеродром во пресрет на новата сезона. Како што потврдија од клубот, станува збор за искусен плејмејкер, кој веќе седум години настапува на европска сцена и зад чие име стојат одлични бројки, како најава за тоа што може да се очекува од него.
Кафи во сезоната 2020/21 беше МВП на првенството на Украина, каде што во дресот на Запорожје просечно реализираше 16,9 поени и 7,7 асистенции. Американецот има играно за грчка Трикала, фински Хелсинки, словачки Лученец и за Киев Баскет, додека минатата сезона беше дел од германскиот прволигаш Крејлсхем.
Кафи воедно е и првото летно странско засилување за МЗТ Скопје А.