МЗТ Скопје Аеродром и досегашниот тренер Васко Атанасов спогодбено ја прекинаа соработката, соопштија од клубот.
Атанасов го презеде тимот во 2023 година и во изминатите три сезони освои четири шампионски титули, три Купа на Македонија и три Суперкупа. Воедно, влезе во историјата како најмладиот тренер кој стигнал до шампионски трофеј во македонската кошарка.
Од МЗТ му се заблагодарија за посветеноста и професионализмот, посакувајќи му успеси во продолжението на кариерата.
Името на новиот тренер ќе биде објавено во наредните денови, а дотогаш екипата ќе ја водат досегашните помошници Дејан Србиновски и Тино Даневски.

