Кошаркарите на МЗТ Скопје А. ја совладаа Цибона со 87:74 во последното коло од регуларниот дел од сезоната во АБА лигата и останаа во трка за опстанок во елитното регионално натпреварување. Пред МЗТ Скопје А. сега е да чекаат од Будуќност да го совлада Борац во утрешниот дуел за да избегаат од последното место на табелата.
Аеродромци денеска лошо го отворија натпреварот и во првото полувреме гостите успеаја да направат одлична предност и на одмор да заминат со 12 поени предност, 41:53. Во третиот период следуваше експлозија на „металците“, кои во 10 минути го надиграа гостинот од Хрватска и направија разлика 30:5 за да дојдат до предност од 13 разлика. Во последниот период само ја одржуваа разликата и стигнаа до сигурен успех.
Мајк Кефи со 19 поени беше најефикасен во редовите на МЗТ, Александар Бурсач имаше 17.