Кошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје денеска имаат уште едно тешко гостување во АБА лигата. По пораците од белградските гиганти Црвена Звезда и Партизан, денеска (19 часот) „Штрковите“ му гостуваат на тимот на Будуќност во Подгорица. Станува збор за уште еден силен противник, кој ќе се бори за горните позиции на табелата.
„Се надевам дека ќе играме добро од натпревар во натпревар. Против нас имаме екипа која сигурно претендира на едно од првите четири места, која ја предводи одличен тренер. Ќе имаме противник кој игра агресивно и има добри дефанзивни принципи. Наше е да одговориме адекватно со нашата агресивност. Во Подгорица дефинитивно не патуваме со бело знаме“, изјави Александар Петровиќ, тренерот на актуелниот македонски првак.